УСС УКИМ – INNO-SAE 2021

Почитувани колеги,

Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве известиме дека оваа година повторно ќе се организира INNO-SAE.

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO-SAE 2021 е заедничка иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите. Идејата е да се стимулираат студентите да работат на иновативни идеи кои можат да се развијат во прототип и, истовремено, да серазвиваат нивните претприемнички вештини. Програмата е отворена за ситестуденти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап коиобезбедуваат зголемена амбиентална интелигенција за различни апликации.

Сите тимови коишто ќе се пријават со оригинална идеја ќе добијат буџет коj што ќе можат да го употребат за реализирање на протитип од нивната идеја.

Повеќе информации за програмата можете да добиете на следниот линк:
https://inno.feit.ukim.edu.mk/inno-sae-2021-2/

На барање на студентите, доколку имате идеја, меѓутоа немате тим со кој би работеле на таа идеја,УСС-УКИМ ќе организира настан за вмрежување и поврзување помеѓу заинтересираните студенти.

За дополнителни прашања можете да се обратите на: science@students.ukim.mk

Со почит,

Ева Цветковска,
Претседател на Универзтитетско студентско собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Никола Донев,
Потпретседател за наука на Универзтитетско студентско собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје