проф. д-р Дана Дина Колевска

Редовен професор

email: dkolevska@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Дана Дина Колевска дипломирала на Шумарскиот факултет во Скопје во 1984 год., а магистрирала во 1989 год. на Шумарскиот факултет во Белград, на тема: „Анализа развоја култура црног бора подигнутих садницама различитог начина производње са посебним освртом на стање и развој кореновог система”. Докторирала во 1996 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата под наслов: „Влијание на садниот материјал и почвените услови врз развојот на кореновиот систем од црниот бор (Pinus nigra Arn.) во услови на Македонија”.

Од 1986 година е вработена како помлад асистент по предметот „Шумски култури, семенарство и расадници“. По одбраната на магистерскиот труд во 1989 год. е избрана за асистент, а после одбраната на докторската теза во 1996 год. е избрана за доцент. Во 2001 година е избрана за вонреден професор, а во 2006 година за редовен професор.

Денес е редовен професор и изведува настава по предметите: „Шумски култури“, „Пошумување“, „Производство на декоративни растенија“ и „Цветно аранжирање“ (прв циклус студии), и „Подигнување на шумски култури 2“, „Шумско семенарство и расадничарство 2 и вовед во статистичка обработка на податоци“, „Подигнување на шумски култури со специјална намена 2“, „Пошумување на голини и ерозивни терени“, „Производство и одгледување на украсни дрвенести растенија“, „Производство и одгледување на украсни зелјасти растенија“ (на втор циклус студии).