проф. д-р Влатко Андоновски

Редовен професор

email: vandonovski@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Влатко Андоновски дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 1992 год., а магистрирал на истиот факултет во 1995 год., на темата со наслов: „Адаптивната способност на некои интродуирани шумски видови дрвја во Република Македонија”. Докторирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 2002 год. со трудот со наслов: „Генетска варијабилност на провeниенциите од црниот бор (Pinus nigra Arn.) во Република Македонија”.

Од 1999 год. е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје како помлад асистент по предметот „Шумaрска генетика со облагородување на шумските видови дрвја“. По докторирањето во 2001 год. е избран за доцент, а во 2013 год. е избран за вонреден професор. Во периодот од 2004 до 2008 година бил член на Советот на општина Карпош. Во периодот од 2013 до 2016 година ја обавувал функцијата продекан на Шумарскиот Факултет во Скопје.

Денес е вонреден професор и изведува настава по предметните програми: „Шумарска генетика со облагородување на шумските видови дрвја и декоративните растенија“, „Бонсаи и минијатурни градини“, „Дизајнирање на градини“ и „Естетика на пејзажот“ (на прв циклус студии) и „Шумарска генетика“, „Облагородување на шумските видови дрвја 2“, „Облагородување на декоративните растенија“, „Интродукција на шумските видови дрвја и декоративните растенија“, „Дизајнирање на зелените површини“, „Генетски инженеринг“, и „Генска конзервација“ (на втор циклус студии).