ВАЖНО – Microsoft Teams – Упатство за инсталација и креирање профил на платформата

Почитувани колеги студенти,
Заради попрактично, полесно и за вас попродуктивно следење настава и исполнување на вашите академски обврски, повторно ве упатувам на користење (што подразбира и редовна проверка) на вашите званични имејл адреси поврзани со системот Microsoft Teams. Оваа платформа е лиценцирана на ниво на УКИМ, и заради тоа нуди многу поволности во однос на комуникацијата на студентите и наставниците, доставувањето и изложувањето на наставни материјали (презентации, скрипти, друго), задачи/обврски, размена на документи и материјали и др.
Одреден број професори веќе интензивно ја практикуваат оваа платформа и ексклузивно ја користат за е-предавања и комуникација со студентите, заради што имате обврска да ги користите и соодветните официјални имејл адреси генерирани во Microsoft Teams во форматот: ime.prezime@students.sf.ukim.edu.mk!!! Оваа платформа ќе продолжи да биде корисна и после Ковид-19 пандемијата, така што е добро час поскоро да ја запознаете и ја користите.
Јас искрено се надевам дека веќе од идниот есенски семестар најголемиот дел од наставата ќе се одвива со физичко присуство, иако не треба да бидеме изненадени доколку се пролонгираат мерките против пандемијата, односно имаме и онлајн настава.
Со цел да го олесниме процесот на инсталирање на платформата Microsoft Teams, креирање на кориснички профил и успешно користење на сите поволности кои ги нуди истата, изготвено е упатство за инсталација и креирање профил на платформата Microsoft Teams, а во прилог е додаден и брз водич за запознавање со основните функции на платформата.
Со почит,
проф. д-р Кирил Сотировски
Декан на УКИМ ХЕФ