- Студирање според Европски кредит трансфер систем (ЕКТС),
- Меѓународно признаена диплома,
- Високостручен и реномиран наставен кадар,
- Предавања според европски стандард,
- Примена на современа информатичка технологија,
- Обезбедени соодветни нагледни средства и реквизити,
- Солидно опремени лаборатории,
- Практична едукација преку теренска настава и сезонска работа,
- Библиотека со богат книжевен фонд,
- Стекнување иновативна и побарувана професија.
Дипломираниот инженер по шумарство ги работи следните работи: одгледување на шуми, уредување на шуми, шумско семенарство, расадничко производство, подигнување на шумски култури, заштита на шумите, шумските дрвја и декоративните растенија, заштита на дрвото, изградба и одржување на шумски патишта, дознака на дрвја за сеча, користење на шуми, транспорт на шумски сортименти, трговија со шумски производи, проектирање и планирање на хортикултурни објекти, заштита на природата и околината, одгледување на дивеч и ловно стопанство, управување со шумски пожари, облагородување на шумските видови дрвја, мелиорација на деградирани шуми и шикари.
Дипломираниот инженер по пејзажна архитектура е компетентен да ги работи следните работи: проектирање и дизајнирање на зелени површини, подигнување и нега на зелени површини, расадничко производство на декоративен саден материјал, заштита на шумските дрвја и декоративните растенија, заштита на дрвото, проектирање и планирање на хортикултурни објекти, заштита на природата и околината, дизајнирање на пејзажи и решавање на биотехнички и инженерски проблеми со користење на современи софтверски алатки и практики кои ќе овозможат унапредување и одржување на зеленилото и на неговата функционалност и декоративност.
Дипломираниот инженер по екоинженеринг и екоменаџмент на животната средина е компетентен да ги работи следните работи: планирање, користење и управување со земјишните и водните ресурси, решавање на проблеми од областа на еколошкиот инженеринг во врска со почвата и водата, управување со заштитени шуми, подрачја и предели, оптимално користење на природните ресурси, заштита на биодиверзитетот и природните вредности, проектирање и изведба на работи за санација на ерозивни земјишта, копови, јаловишта и други деградирани земјишта со примена на биотехнички и градежни мерки, да врши оцена на влијанието на шумарските, паркарските и екоинжинерските активности врз животната средина, планирање и управување со водни сливови, проектирање и уредување на поројни сливови, подготовка на еколошки елаборати и студии, екомониторинг и менаџирање на активности поврзани со животната средина.
Дипломираните инженери по шумарство, пејзажна архитектура или екоинженеринг и екоменаџмент по дипломирањето ќе можат да станат дел од стопанството, администрацијата и образованието како: државна и локална администрација, јавни претпријатија, национални паркови и заштитени подрачја, образование и наука, невладин сектор, фирми за планирање во шумарството, инженерски фирми, претпријатија за користење на шумите, ловностопански субјекти, во консултантски, проектантски и производни компании, шумски расадници, проектирање и градба на градежни објекти за заштитата на земјишето, заштита на природата и животната средина итн.