Претставници на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, деканот проф. д-р Сотировски со продеканите проф. д-р Стојановска и проф. д-р Трајков, положија цвеќе на спомен-обележјето на Светите Кирил и Методиј во кампусот на општествените науки и ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по повод патрониот ден на Универзитетот, 24 мај.