Јавен оглас за засновање на работен однос на 3 (три) лица
Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има потреба за вработување на 3 (три) лица за следните работни места:
- СЕКРЕТАР – еден (1) извршител;
- САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ АРХИВАР – еден (1) извршител и
- ХИГИЕНИЧАР – еден (1) извршител.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 4 работни дена, сметано од денот на објавувањето во јавните гласила.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавите со потребните документи треба да се достават во затворен плик, по пошта на адреса: УКИМ-Факултет за шумарски науки, пејзажнa архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” Скопје, на ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.1, 1000 Скопје или лично во Архивата на факултетот (со назнака „За огласот за вработување во факултетот, за работно место под реден број ..“).
Краен рок за пријавување: 16. 4. 2021 година (петок).
Лице и телефон за контакт: проф. д-р Кирил Сотировски (декан), 070/344-017.
Огласот може да го преземете од ОВОЈ ЛИНК.