ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Информации за првиот академски час во учебната 2023/2024 година

Почитувани колеги, новозапишани студенти,

Ве известувам дека првиот академски час за студентите запишани во учебната 2023/2024 година ќе се одржи на 2.10.2023 година (понеделник), во салата за состаноци (сала бр. 6), со следниот распоред:

– 10:00 до 10:15 ч. Поздравен говор од деканот на Факултетот (проф. д-р Кирил Сотировски)
– 10:15 до 11:00 ч. Запознавање со правилата на студирање (проф. д-р Панде Трајков, продекан за настава)
– 11:00 до 11:15 ч. Пауза
– 11:15 до 12:00 ч. Воведен час по Екоклиматологија (проф. д-р Никола Николов, предметен наставник)
– 12:00 до 12:15 ч. Пауза
– 12:15 до 13:00 ч. Воведен час по Ботаника (вонр. проф. д-р Бојан Симовски, предметен наставник)

Ви посакувам успешна година!
Продекан за настава,
проф. д-р Панде Трајков

INTERKULTURA

КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА ПЕЈЗАЖНО ДИЗАЈНИРАЊЕ

РЕЗУЛТАТИ (28 септември 2023 г.)

a

Θ Дознајте повеќе!

HEF

Slide1Стекнување иновативна и барана професија. Практична едукација и теренска настава, Студирање според ЕКТС, Меѓународно признаена диплома, Примена на современи ИТ алатки, ЗОШТО ХЕФ? Slide2ПЕЈЗАЖНО ДИЗАЈНИРАЊЕ
Во насоката Пејзажно дизајнирање се изучуваат основните принципи и елементи потребни за успешно спојување на функционалното со естетското во конципирањето и креирањето на градини од најразлични типови и формати.
Slide3ЕКОИНЖЕНЕРИНГ И ЕКОМЕНАЏМЕНТ
Насоката Екоинженерингот и екоменаџментот обезбедува холистички приод кон шумите и пејзажот преку обезбедување на знаења за справување со проблемите во врска со заштитата на почвата и водата, планирањето, користењето и управувањето со земјишните и водните ресурси, како и справување со управувањето на заштитени и заштитни шумски подрачја.
Slide4ШУМАРСТВО Студиите на насоката Шумарство се фокусираат на управувањето со шумите. Шумите во модерното шумарство и современите општества се гледаат како фрагилен систем со многу поголеми еколошки и социјални вредности, отколку финансискиот аспект како ресурс кој дава материјални добра, во прв ред дрво и други шумски производи.
ukim iKNOW
Универзитет „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - Скопје

Систем за електронско спроведување уписи на УКИМ. Секој заинтересиран кандидат треба да се најави на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни комплетната пријава. Потоа на денот на уписите се доставуваат документите заедно со бројот од електронската апликација.

Контакт

Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“

ул. „16 Македонска бригада“ бр. 1, 1000 Скопје

+389 71 356 241

понеделник - петок, 8:00 - 16:00 ч.

Stay in touch!