Ас. м-р Кристијан Цокоски

Асистент

email: kristijanc@sf.ukim.edu.mk

Роден е 1994 година во Охрид. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 2017 год. на насоката ,,Шумарство. Во 2020 година јавно ја одбранил магистерската работа под наслов: ,,Компаративна анализа на Законот за ловството на Р.Северна Македонија со законите за ловство на Р. Србија, Р. Хрватска, Р. Словенија и Р. Бугарија” и се стекнал со звањето магистер по шумарски науки.

По дипломирањето учествувал  на повеќе семинари,  меѓународни предавања, работилници, конференции и предавања од полето на шумарствот, екологијата, ловството и животната средина.

Од 2020 година е вработен  на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје, во соработничко звање – асистент  на Катедрата за Ловство. Одговорен е за изведување на аудиториски и лабораториски вежби по предметите „Зооекологија и систематика на дивечот“,  „Ловство“, „Применета зооекологија“ и „Oдгледување и заштита на дивата фауна”.

Области на негов научно-истражувачки интерес се зооекологија и систематика на дивеч, биоекологија на дивеч, одгледување и заштита на дивеч, ловно стопанисување, популациона динамика на дивечот, ловна кинологија.