проф. д-р Никола Николов

Редовен професор

email: nnikolov@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Никола Николов на Шумарскиот факултет во Скопје дипломирал во 1988 год, а магистрирал во 1992 год. на тема: „Динамика на ширењето на шумскиот пожар на планината Погана и критички осврт врз организацијата на неговото гаснење”. Докторирал во 1998 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата под наслов: „Влијание на одделни климатски елементи и аерозагаденоста врз процесот на сушење на шумите во Република Македонија”.

Во 1988 год. е вработен како помлад асистент од областа „Заштита на шумите“. По одбраната на магистерскиот труд, во 1992 е избран за асистент, а по одбраната на докторскиот труд во 1998 година е избран за доцент. Во 2003 година е избран за вонреден професор, а во 2008 година за редовен професор.

Денес е редовен професор и изведува настава по предметните програми: „Екоклиматологија“,  „Заштита на шумите и зелените површини“ и „Екомониторинг“ (на прв циклус студии) и „Заштита на шумите“, „Заштита на шумите и зелените површини“, „Влијание на климатските промени врз здравствената состојба на шумските и декоративните видови дрвја“, „Аерозагадувањето и здравствената состојба на шумските и декоративните видови дрвја“, „Основи на шумска пирологија“, „Влијание на климатските промени врз здравствената состојба на шумите“ и „Фитофармација со методи на апликација“ (на втор циклус студии).