проф. д-р Коле Василевски
Редовен професор
Проф. д-р Коле Василевски дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 1988 год., а магистрирал во 1993 год. на Шумарскиот факултет во Белград, на тема: „Земљишта у огледама хибрида петоигличастих борова у Македонији”. Докторирал во 1996 година на Шумарскиот факултет во Скопје со трудот под наслов: „Почвите под планинскиот масив Бистра и нивната корелација со пасиштата и фитоценозите”.
Од 1988 год. е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје како помлад асистент по предметот „Педологија со петрографија“. Во 1992 год. по магистрирањето, е избран за асистент, а во 1998 год. по докторирањето за доцент. Во 2002 год. е избран за вонреден професор, а во 2007 год. за редовен професор. Во периодот од 1998 до 2000 год. бил продекан, а од 2004 до 2008 год. декан на факултетот. Од 2008 до 2016 година е проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Денес е редовен професор и изведува настава по предметните програми: „Шумарска педологија со петрографија“, „Мелиорации на деградирани шуми и шикари“, „Исхрана на растенијата“ и „Високопланински екосистеми“ (на прв циклус студии) и „Шумарска педологија со петрографија 2“, „Исхрана на растенијата 2“ и „Методи и програми за мелиорација на деградирани шуми и шикари“ (на втор циклус студии).