Соопштение за пријавување на испити во III испитен рок 2021/2022 год.
Начин на пријавување на испитите: Со физичко присуство.
- Пријавувањето на испитите ќе се одвива во периодот 15-19.8.2022 (понеделник до петок).
- Задолжително е првенствено електронско пријавување на испитот(ите) преку „iKnow“ системот, а потоа и физичко заверување на пријавите со уплатници (со печат) во канцеларијата за Студентски прашања на ХЕФ.
- Уплата се врши за испити кои се полагаат по втор и повеќе пати, како и за пријавување испити од страна на вонредни студенти.
a. Оригиналната уплатница се прикачува кон пријавата и се доставува заедно со пријавата на физичка заверка.
b. Доколку се пријавуваат повеќе испити, целата сума може да се уплати на една уплатница, но да се направат копии од истата за секоја пријава!
c. Уплатите извршени преку услугата за електронско банкарство задолжително треба да имаат и печат од банката. Во спротивно, нема да бидат признаени!
4. По објава на распоредот за испити, секој студент задолжително преку e-допис треба да го информира предметниот наставник за одбраниот термин за полагање на испитот од понудените термини.
5. Пријавата за испит во материјална форма студентот ја предава на предметниот наставник пред почетокот на испитот.
6. По наведениот рок од точка 1., пријавувањето на испит ќе се врши со дополнителен надоместок од 300 денари по испит!
Сите преостанати информации околу пријавувањето на испитите во третиот испитен рок од академската 2021/2022 година се наведени на следниот ЛИНК.