Онлајн сесија за стипендии на ДБУ за истражувачки престој во Германија

Почитувани,
Македонско еколошко друштво (МЕД) во изминатите десетина години активно соработува со Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) којашто минатата година прослави 25 години од постоењето на програмата за стажирање во Германија наменета за студенти од земјите од Југоисточна Европа.

Студентите својот истражувачки престој може да го поминат во организации, фирми, институти, универзитети во Германија 6 до 12 месеци.

Програмата за стипендии поддржува најширок опсег на професии, под услов предлог-проектот да биде од областа на заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени или обновливите извори на енергија. Во последно време оваа програма поддржува и проекти за дигитализација кои имаат некаква допирна точка со екологија или животна средина.

На 23.01.2023 година на платформата ЗУМ од 17ч., ДБУ и МЕД организираат онлајн информативна сесија за условите за стажирање во Германија.

Онлајн сесијата ќе биде проследена и со кратко објаснување од координаторот на ДБУ стипендиите за Македонија, г-ѓа Фросина Пандурска-Драмиќанин во просториите на Нетавил, како и студентка која годинава ќе започне истражувачки престој во Германија.

Повеќе информации за стипендиите има на следниот линк: https://www.dbu.de/2600.htm

Барањето од МЕД за споделување на оваа информација со студентите на УКИМ ХЕФ е достапно на следниов ЛИНК.