Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08,167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 24 од Законот за студентскиот стандард („Службен весник на Република Македонија“ број 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 124/19, 248/20 и 302/20), Министерството за образование и наука распишува:

a

Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година

a

Сите детални информации за овој конкурс се достапни на страницата на Министерството за образование и наука, односно на следниот ЛИНК.

л

л

С О О П Ш Т Е Н И Е

за пријавување на Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година

Студентите кои планираат да се јават на Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година, поради колективен одмор на вработените на Факултетот, потребните документи од Факултетот ќе може да ги поднесат заклучно со 26.7.2023 година со електронски допис до ас. м-р Благој Шурбевски на адреса на е-пошта: shurbevskib@yahoo.com и до проф. д-р Панде Трајков: ptrajkov@sf.ukim.edu.mk.

Заверените документи ќе може да се подигнат на 27 и 28 јули 2023 година (четврток и петок).

Заинтересираните студенти кон е-дописот да приложат:
– пополнето Барање за издавање Уверение за положени испити,
– потврда за уплатени 500 денари на сметка на Факултетот (за Уверение за положени испити),
– пополнет образец УППИ-2023 и
– скенирани прва страница и страниците со запишани семестри од индексот (во ПДФ или ЈПГ формат).

Оригиналните документи студентите ги поднесуваат при подигнувањето.

Забелешка: Просечниот успех во Образецот „УППИ“ и Уверението со положените испити да биде идентичен.

Од продеканот за настава.