Пријавување испити: есенски испитен рок 2024/2025 година

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО ТРЕТА РЕДОВНА ИСПИТНА СЕСИЈА 2024/2025 година

а

Начин на пријавување на испитите: Со физичко присуство, од 08 до 13 часот.

1. Пријавувањето ќе биде од 19.08 до 21.08.2025 год.

2. Студентот има обврска испитот/-ите најпрво да го/ги пријави електронски преку „iKnow“-системот, а потоа да дојде и во канцеларијата за Студентски прашања на ХЕФ за пријавата да му биде заверена и физички (со печат).

3. Уплата се врши за испити кои се пријавуваат по втор и повеќе пати, како и за пријавување испити од страна на вонредни студенти. Примерок од уплатницата ќе најдете на следниот ЛИНК.
a. Оригиналната уплатница се прикачува кон пријавата и се доставува заедно со пријавата за да биде заверена.
б. Ако пријавувате повеќе испити, целата сума можете да ја уплатите на една уплатница со тоа што за секоја пријава ќе донесете копија од уплатницата.
в. Уплатите извршени преку услугата за електронско банкарство задолжително треба да имаат и печат од банката. Без печат нема да можеме да ви ги признаеме.

4. Студентите задолжително со e-допис да го информираат професорот во кој од понудените 2 (два) термина ќе го полагаат испитот.

5. Пријавата за испит во материјална форма студентот ја предава на професорот пред почетокот на испитот.
(Распоредот со термините ќе биде објавен наскоро).

6. По наведениот рок од точка 1. уплата за испити ќе биде со казна од 1.000,00 денари/испит.

а

Со почит,
Соња Петрова
Служба за студентски прашања, ХЕФ