Отворен повик за доделување стипендии од Фондацијата „Атанас Близнаков“ од САД за редовни студенти запишани на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година

Отворен повик за доделување стипендии од Фондацијата „Атанас Близнаков“ од САД за редовни студенти запишани на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година

а

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ објавува повик за доделување стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани во прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во академската 2025/2026 година.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование.

Краен рок за аплицирање: 30 август 2025 година (до 23:59 часот).

Сите останати детали ќе ги најдете на следниот ЛИНК.

а

ВАЖНО!

При пополнување на апликацијата, ве молиме детално прочитајте ги Инструкциите и препораките за пополнување на апликацијата, како и Начинот, условите, правата и обврските за добивање и продолжување на стипендијата, прикажани на платформата, во Отворениот повик и прикачени на левата страна на веб-страницата како Документи за стипендијата.