Ас. д-р Огнен Ончевски

Асистент

email: bozint@sf.ukim.edu.mk

Огнен Ончевски е истражувач и универзитетски кадар со фокус на конзервација на вода и почва, заштита на животната средина и управување со природни ресурси. Роден е на 23 јули 1984 година во Скопје, каде го завршува основното и средното образование. Дипломира на Шумарскиот факултет во Скопје, насока за озеленување и унапредување на животната средина.

Во 2019/2020 година, како стипендист на Владата на Јапонија, престојува како истражувач на Токискиот факултет за земјоделство. Во 2020/2021 се запишува на магистерски студии по земјоделско инженерство на истиот факултет, кои ги завршува во 2022 година со највисок просек . Магистерската теза се фокусира на конзервација на почва и вода во сушни подрачја на Македонија. Истата година се запишува на докторски студии и во 2025 година успешно ја брани докторската дисертација посветена на улогата на шумските ветрозаштитни појаси во управување со водни ресурси во Овче Поле.

Неговата научноистражувачка работа се базира на одржливото управување со почва и вода, опустинување и рехабилитација на деградирано земјиште , системи за заштита од ерозија, ефектите на вегетација и мерките за конзервација на вода и почва врз микроклимата. Автор е на неколку научни трудови објавени во меѓународни списанија и презентирани на меѓународни конференции.

Во периодот од 2022 до 2024 година е член на организацискиот одбор на меѓународната конференција за рурален и еколошки развој (ICERD) и извршува функција асистент-уредник на меѓународното научно списание поврзано со истата тема. Во истиот период работи и како истражувач во Институтот за рехабилитација и конзервација на животната средина (ERECON) од Токио, каде е ангажиран на проекти поврзани со заштита на почви, агроеколошки системи и рурален развој.

Од декември 2024 година е вработен како асистент на Катедрата за земјиште и вода при Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје, каде учествува и во наставниот процес. Претходно има работно искуство и како консултант за пермакултурен дизајн, проектен менаџер и едукатор во неколку регионални и меѓународни организации.

Течно говори англиски јазик и има основно познавање на јапонски јазик. Активен е учесник на бројни семинари, обуки и конференции во земјата и странство, каде често настапува како предавач или истражувач.