Работна акција по повод денот на пролетта

ПРОЛЕТНА АКЦИЈА

Почитувани студенти и вработени,

  За заеднички да го одбележиме денот на пролетта, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер (ФДТМЕ) ве покануваат на заедничка работна акција за расчистување и уредување на кампусот за земјоделски и ветеринарни науки.

   Целта е сите заедно, преку работа и дружење, да го направиме нашиот простор поубав и поуреден за претстојните сончеви денови.

   Акцијата ќе се одржи на 23 март 2026 година (понеделник) со почеток во 9:00 часот, со собирно место пред Факултетот „Ханс Ем“. По завршувањето на работата, следува заедничко дружење со мала закуска.

  Студентите, наставно-научниот, соработничкиот, стручно-административниот и помошниот персонал кои ќе учествуваат во овие активности, ќе бидат ослободени од наставата, односно од работните обврски за време на акцијата, за успешно спроведување на предвидената цел.

   Ги молиме сите учесници да бидат соодветно облечени за планираните активности и да внимаваат на личната и заштитата на останатите лица вклучени во работната акција.

Се надеваме дека ќе дојдете во што е можно поголем број и дека ова ќе стане наша убава традиција!