МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ЌЕ ГИ СТИПЕНДИРА ПРЕСПАНСКИТЕ МАТУРАНТИ КОИ ЌЕ ЗАПИШАТ СТУДИИ ПО ЕКОЛОГИЈА, БИОЛОГИЈА, ШУМАРСКИ ИЛИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ
Македонското еколошко друштво ќе доделува стипендии до 400 евра месечно за матурантите од Преспа кои ќе запишат универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки.
Програмата е наменета за средношколците од Преспа и има за цел да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина. На тој начин, идните студенти ќе можат да стекнат знаење и вештини што ќе им овозможат активно да придонесат кон зајакнување на локалните капацитети за заштита и зачувување на природата и биолошката разновидност во Преспанскиот Регион.
Повеќе информации се достапни на следната врска: