Инфо сесија за истражувачки престој во Германија на 20 јуни во Скопје
Инфо сесија за истражувачки престој во Германија на 20 јуни во Скопје
a
Скопје, 09 јуни 2022г. – Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) на 20 јуни во 12 часот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (амфитеатар бр.16) ќе одржи Информативна сесија во врска со отворениот конкурс за стажирање или истражувачки престој од 6 до 12 месеци во Германија.
МЕД ги поканува заинтересираните студенти со завршени магистерски студии да ги постават своите прашања на претставниците на Мрежата за стипендии на ДБУ. Работен јазик на сесијата ќе биде Англиски.
Програмата за стипендии поддржува најширок опсег на професии, под услов предлог-проектот да биде од областа на заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени или обновливите извори на енергија.
Крајниот рок за аплицирање на програмата е 5 септември 2022 година. Повеќе детали за програмата може да прочитате на следниот линк: https://www.dbu.de/2923.html
a
Координатор на програмата за стипендирање на ДБУ од Германија
Милица Јованова, ДБУ Германија
Email: Jovanova.mk@gmail.com
Tel: +4915150712990
a
Контакт лице од МЕД за програмата
Фросина Пандурска-Драмиќанин
pandurska@mes.org.mk