Образец за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи (ВОИ20)

Почитувани студенти бруцоши,

Согласно со член 26 и член 30 од Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/97, 21/07, 51/11, 104/13, 42/14, 192/15, 27/16, 83/18, 220/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20) и Програмата за статистички истражувања за периодот 2023 – 2027 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 29/23), Државниот завод за статистика го спроведува статистичкото истражување за запишани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи.

До услугата може да се пристапи директно на линкот

https://uslugi.gov.mk/apply-for-service.nspx?apsUniqueName=DZS-5793 

или со скенирање на QR-кодот:

Секој студент потребно е да има активен кориснички профил на ниско ниво за да го пополни образецот и притоа од системот ќе добие два официјално потврдени документи со електронски печат на ДЗС:

  • Генериран образец и
  • Потврда за успешно доставен образец.
ВАЖНО: Студентите се должни еден од овие документи да го достават до факултетите при упис на академската 2026/2027 година.