Екоинженеринг и екоменаџмент
Насоката Екоинженерингот и екоменаџментот е во поголема мера посветена на холистички приод кон шумите и кон пејзажот воопшто. Теоретската и практичната работа во текот на студирањето на оваа насока на идните инженериим даваат соодветни насоки, знаењаи техники за справување со проблемите во врска со заштитата на почвата и водата, планирањето, користењето и управувањето со земјишните и со водните ресурси, справувањесо управувањето на заштитени и заштитни шумски подрачја, а исто така се оспособуваат да вршатпроцена на влијанието на шумарските и на екоинженерските активности врз животната средина.
Современите трендови и новите инженерски пристапи и технологии во заштитата на природата и животната средина пред се во заштитата на почвата и водата, оптималното користење на просторните ресурси, како и менаџментот со заштитените подачја (од разни аспекти: заштита на природата, заштита на водните екосистеми итн.) налагаат создавање соодветен кадар кој ќе подговори на овие предизвици. Новите трендови, директиви на ЕУ како и технички сознанија од областа доведуваат и ја наметнуваат потребата истите да се вклопат во наставните програми. Само на таков начин студентите ќе се здобиваат со нови, современи знаења кои би можеле да ги применат во научно-истражувачките, апликативните и едукативните процеси врзани со нивното професионално ангажирање. Екологијата и заштитата на животната средина е многу широка и мултидисциплинарна област. Оваа студиска програма вклучува голем дел од оваа област со тоа што осврт е даден на некои биотехнички, инженерски, планерски и управувачки аспекти.
Оваа студиска програма овозможува едукација на кадри кои ќе бидат оспособени за: познавање на медиумите на животната средина (почва, вода), познавање на органскиот свет (флора, фауна), познавање на биодиверзитетот, климатските промени и деградацијата на земјиштето и опустинувањето, проектирање и изведба на работи во врска со санација на: ерозивни земјишта, копови, јаловишта и депонии, други тешко деградирани земјишта вклучувајќи биотехнички и градежни мерки, планирање управување со водни сливови, проектирање уредување на поројни сливови и управување со ризици, познавање на предели, користење и управување со земјишни ресурси и основи на просторно планирање, интегрална заштита на шумите вклучувајќи и екомониторинг, подготовка на еколошки елаборати и студии, менаџмент и бизнис во врска со заштитни и заштитени шуми и подрачја, организирање научно стручни посети на природни вредности.
Основна цел на студиската програма е оспособување на кандидати за анализа и решавање на комплексот проблеми во врска со природните ресурси (земјиште, вода, вегетација, флора, фауна). Од една страна посебно значење се дава на еколошкиот инженеринг т.е. планирање, проектирање и изведба на инженерски проекти во врска со земјиште и водата (заштита од ерозија, регулација на порои, управување со ризици од непогоди). Од друга страна пак, кандидатите ќе бидат обучени за активности (планирање, организирање, извршување, мониторинг на природните ресурси) во врска со заштитени подрачја и зони од различен аспект, како и со шуми со заштитна намена. Студиската програма е конципирана на начин кој овозможува стекнување на знаења и компетенции неопходни за дипломиран инженер од оваа област кои што ќе претставуваат основа за понатамошно образование и следење на најновите сознанија во областа на екоинженерингот и екоменаџментот. Истовремено, дипломираните инженери од оваа студиска програма ќе бидат подготвени да одговорат на барањата на субјектите кои управуваат со заштитени подрачја, 16 граѓанскиот сектор кој се бави со проблемите од областа на животната средина, државните институции, локалната самоуправа. Исто така, цел на оваа студиска програма е создавање инженери кои се компетентни за претприемаштво и рурален развој во планински подрачја.
Дипломираните инженери по Екоинженеринг и екоменаџмент ќе можат да станат дел од стопанството, но и во јавните институции кои се надлежни за управување со заштитени и заштитни подрачја. Истовремено, дипломираните инженери од оваа студиска програма ќе можат да бидат вклучени во јавната администрација во врска со заштитата на природата и животната средина и планирањето на предели и простори. Покрај ова, овие кадри можат да се вработат во образованието и науката, но и во консултантски и проектантски компании кои што се занимаваат со инженеринг и управување со води, проектирање и градба на градежни објекти (во делот на заштитата на земјишето), заштита на природата и животната средина итн.