Конкурс за Erasmus+ студентска мобилност за летен семестар во учебната 2024/2025 година
Почитувани студенти,
На оваа ВРСКА може да го погледнете Конкурсот за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата за летниот семестар во академската 2024/2025 година.
Студентите апликациите ги доставуваат во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот) до факултетскиот Еразмус+ координатор најдоцна до 4 октомври 2024 г. за студентските мобилности за студирање, а за студентските мобилности за пракса/стажирање најдоцна до 19 ноември 2024 година.
Факултетот прави ранг-листа на пријавените согласно со критериумите (успех во студиите, познавање на странски јазик на кој се изведува наставата на универзитетот, мотивација и др.) и со писмо од Деканатот со ранг-листа на апликантите, апликациите во еден примерок се доставуваат до Ректоратот најдоцна до 11 октомври 2024 г. за студентска мобилност за студирање, односно 26 ноември 2024 г. за студентска мобилност за пракса/стажирање.
Студентот и Еразмус+координаторот задржуваат по еден примерок од апликацијата.
Напоменуваме дека на изготвувањето на Learning Agreement (LA) треба да се посвети особено внимание, односно да се изберат предмети кои ќе бидат признаени по враќањето на студентот, односно компатибилни предмети од наставната програма на двата факултета, бидејќи потписот на факултетскиот координатор на LA гарантира дека избраните предмети со број на ЕКТС ќе бидат признаени.
Студентите треба да достават валидна диплома за познавање на странскиот јазик на кој се изведува наставата.
Сите дополнителни информации и формулари за пријавување, како и листа на потпишани ЕРАЗМУС+ договори можете да ги побарате на веб-страницата на Универзитетот под – Меѓународна соработка/ERASMUS+ програма.
За дополнителни информации и поддршка обратете се во Одделението за меѓународна соработка или на и-мејл адресата: international@ukim.
Со почит,
УКИМ – Одделение за меѓународна соработка