Меѓународна размена – ERAZMUS+

Еразмус+ е програма на ЕУ за поддршка на образованието, обуката, младите и спортот во Европа. Буџетот на програмата изнесува 14,7 милијарди евра со цел да обезбеди можности за над 4 милиони Европејци да учат, обучуваат и стекнуваат искуство во странство.

Оваа програма не обезбедува можности само за студентите, туку, преку соединување на седум претходни програми – Жан Моне, Доживотно учење, Еразмус Мундус, Темпус, Алфа и Едулинк. има можности за широк спектар на лица и организации. Еразмус+ има можности за луѓе од сите возрасти, помагајќи им да развијат и споделат знаење и искуство во институции и организации во различни земји. Исто така, Еразмус+ има можности за широк спектар на организации, вклучувајќи универзитети, даватели на образование и обука, тинк-тенкови, истражувачки организации и приватни бизниси. Постојната меѓународна соработка на програмите на Европската комисија во високото образование и обука е пренесена и во новата Еразмус+ програма.

Целта на Еразмус+ е да придонесе во стратегијата „Европа 2020“ за раст, работни места, социјална еднаквост и вклучување, како и целите на ЕТ2020, стратешката рамка на ЕУ за образование и обука. Еразмус+ исто така има за цел да го промовира одржливиот развој на своите партнери во областа на високото образование и да придонесе за постигнување на целите на Стратегијата за млади на ЕУ.

Програмата е отворена за: земјите членки на ЕУ, земјите пристапнички кон ЕУ, земјите кандидати и потенцијалните кандидати кои имаат корист од претпристапната стратегија, земјите од Европската слободна трговска зона (EFTA) кои се потписнички на Договорот за Европската економска област (ЕЕА), Швајцарската Конфедерација, под услов да има склучено посебен меѓународен договор и земји опфатени со Европската соседска политика, со кои е склучен билатерален договор. Сите други земји во светот се земјите-партнери и можат да учествуваат во одредени активности или во согласност со специфичните услови.

Повеќе информации околу Еразмус+ програмата, заинтересираните студенти и членови на наставниот кадар  можат да добијат кај:

проф. д-р Влатко Андоновски, Координатор на Еразмус+ програмата

vandonovski@sf.ukim.edu.mk

Дополнителни информации за Еразмус+ програмата можат да се најдат и на: