Информативна сесија за стипендии на ДБУ за истражувачки престој во Германија

Почитувани,
Македонско еколошко друштво (МЕД) во изминатите десетина години активно соработува со Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) којашто минатата година прослави 25 години од постоењето на програмата за стажирање во Германија наменета за студенти од земјите од Југоисточна Европа. Студентите својот истражувачки престој може да го поминат во организации, фирми, институти, универзитети во Германија 6 до 12 месеци.

*

Програмата за стипендии поддржува најширок опсег на професии, под услов предлог-проектот да биде од областа на заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени или обновливите извори на енергија. Во последно време оваа програма поддржува и проекти за дигитализација кои имаат некаква допирна точка со екологија или животна средина.

*

На 17.02.2023 година во просториите на Нетавиле ДБУ и МЕД организираат информативна сесија за условите за стажирање во Германија. Инфо сесијата ќе биде водена од координаторот на ДБУ стипендиите за Македонија, г-ѓа Фросина Пандурска-Драмиќанин и студентка која годинава ќе започне истражувачки престој во Германија.

*

Повеќе информации за стипендиите има на овој линк.

*

Барањето од МЕД за споделување на оваа информација со студентите на УКИМ ХЕФ е достапно на следниов линк.