СООПШТЕНИЕ за Online Zoom состанок со Универзитетот за земјоделство во Токио

СООПШТЕНИЕ

 

На 15 јули (петок) со почеток во 9:30 часот ќе се одржи Online Zoom состанок на којшто ќе се претстават:

1 – Факултетот за регионална наука за животната средина, Универзитет за земјоделство во Токио;

2 – Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и

3 – Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Ова е прв официјален состанок меѓу наставно-научниот персонал на факултетите, а основна цел е нивно запознавање и истражување можности за понатамошна соработка.

Присуството на студентите е повеќе од добредојдено!

 

Бидете во тек со информациите и можностите коишто се нудат.

 

Програма и линк до Online Zoom состанокот ОВДЕ!

 

Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура

и екоинженеринг „Ханс Ем“ – Скопје