Отворено предавање: „ДА ДРУГАРУВАМЕ, ДА СПОДЕЛУВАМЕ“ со Ѓорѓи Самарџиев дипл.шум.инж
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 27 април (среда), со почеток во 11 часот, во амфитеатарот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ ќе се одржи предавање под слоганот:
„ДА ДРУГАРУВАМЕ, ДА СПОДЕЛУВАМЕ“
Предавач ќе биде Ѓорѓи Самарџиев, дипломиран шумарски инженер на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, сопственик на Градинарскиот центар Фоја Ко, компанија со долгогодишно искуство од областа на пејзажната архитектура и урбаното зеленило воопшто.
Тема на предавањето ќе бидат дел од иновативните решенија коишто оваа компанија ги користи при реализирање на своите активности и тоа: биолошка рекултивација на косина, реализација на вертикална градина со собни растенија и креирање на инстант екстензивни кровни градини со вегетативен модул Семпервел.
Со ова предавање го одбележуваме Светскиот ден на креативноста и иновативноста – 21 април, а настанот е уште една од предвидените активности коишто Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ ги реализира во чест на Светскиот месец на пејзажната архитектура – април.
Предавањето е од отворен карактер. Сите сте добредојдени!