Ас. м-р Благој Шурбевски

Асистент

email: bshurbevski@sf.ukim.edu.mk

Роден е во 1996 година во Битола. Дипломирал на Шумарски факултет – Скопје во 2018 година на насоката шумарство. Во 2020 година јавно го одбранил магистерскиот труд со наслов „Природни регулатори на популациите од боров четник (Thaumetopoea pityocampa Schiff.) во Република Северна Македонија“ и се стекнал со звањето магистер по шумарски науки.

По дипломирањето работел во приватниот сектор, во областа на хортикултурата и расадничкото производство. Во тој период подетално се запознава со начините на подигнување, одржување и заштита на градското и вон-градското зеленило. Истовремено работи и како стручен консултант на повеќе апликативни проекти на локално, национално, но и на меѓународно ниво. При тоа се вклучува во активностите на различни невладини организации, но и приватни компании кои првенствено се занимаваат со заштита на животната средина. Редовно присуствува на стручни и научни семинари, работилници и конференции во земјата, но и странство.

Од 2021 година е вработен на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје, во соработничко звање – асистент на Катедрата за заштита на шумите и дрвото. Одговорен е за аудиториските и лабораториските вежби по следните предметни програми од прв циклус на студии: „Ентомологија“, „Шумска инвертебрата“, „Заштита на дрвото“, „Штетници на шумски видови дрвја“ и „Штетници на декоративни растенија“.

Неговите области на истражување се: дефолијатори во шумите и шумските култури, инвазивни видови инсекти, биолошка контрола на штетните видови инсекти, генетски мерки на контрола.