вонр. проф. д-р Бојан Симовски

Вонреден професор

email: bsimovski@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Бојан Симовски дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 2007 год., каде и магистрирал во 2011 година, на тема „Дендрофлористички карактеристики на Националниот парк ‘Маврово’“. На матичниот факултет докторирал во 2015 година со докторска дисертација под наслов „Природни сукцесии во шумите од Националниот парк ‘Маврово’“.

Од 2007 год. е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје како помлад асистент на група наставни програми на „Катедрата за ботаника и дендрологија“. По магистрирањето во 2011 година е избран за асистент на истата Катедра. Во 2015 година, по докторирањето, е избран во наставно-научно звање доцент, а во 2020 година е избран за вонреден професор.

Денес е вонреден професор и изведува настава по предметните програми: „Ботаника“ и „Урбана дендрологија“ (на прв циклус студии), како и за „Урбана дендрологија 2“ и „Ботаника 2“ (на втор циклус студии).