ас. м-р Борис Најдовски

Асистент

email: najdovski@sf.ukim.edu.mk

Роден е 1985 година во Скопје. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 2012 год. на насоката „Озеленување и унапредување на животната средина“. Во 2016 година јавно ја одбранил магистерската работа под наслов: „Анализа на промената на на планинските пасишта во горниот Брегалнички регион“ и се стекнал со звањето магистер по шумарски науки. Од 2017 година запишан е на докторски студии на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад, Република Србија.

По дипломирањето работел во неколку претпријатија како шумарски инженер за пејзажно дизајнирање и учествувал во планирањето и реализацијата на повеќе јавни, резиденцијални и приватни објекти. Паралелно, како стручен соработник, учествувал во повеќе научно-истражувачки проекти и стручно-применувачки активности на факултетот. Покажува особен интерес за проучување на почвата како природно-историско тело, нејзините својства и корелацијата со пасишните и шумски заедници.

На катедрата за „Одгледување на шумите“ е вработен во 2020 година, како асистент на предметот „Педологија со петрографија“. Одговорен е за изведување на аудиториски и лабораториски вежби по предметите „Педологија со петрографија“, „Исхрана на растенијата“, „Мелиорација на деградирани шуми и шикари“ и „Високопланински екосистеми“. Извршува педолошки и други стручни анализи во педолошката лабораторија, поврзани со наставно-образовната и стручно-апликативната работа на факултетот.

Области на негов научно-истражувачки интерес се својствата на почвите, содржината на органска материја во почвата, циклусот на хранливите материи во растенијата и животната средина, задржувањето на јаглеродот во почвата и примената на современите геоматски техники во изучувањето на почвите.