Ас. м-р Божин Трендафилов
Асистент
М-р Божин Трендафилов е роден на 08 октомври 1981 година во Скопје каде што го завршил основното образование и средното образование во гимназијата ,,Јосип Броз Тито” – општа гимназија.
Во учебната година 2000/2001 се запишал на Шумарскиот факултет во Скопје, на насоката Шумарство. На 07 јули 2006 година, по јавна одбрана на дипломскиот труд, дипломирал со среден успех 8,52 и се стекнал со звањето дипломиран шумарски инженер.
Во учебната 2007/2008 година е примен на магистерски студии на Медитеранскиот Агрономски Институт во Ханиа, Грција (MAICh – CIHEAM) на Одделот „Управување со животна средина“, со целосна стипендија. По успешно завршување на првата година, продолжува со стипендирани студии уште една година и работа на магистерска теза од полето на ерозијата насловена ,,Истражување на влијанието на шумските пожари врз ризиците од ерозија“. Последипломските студии ги завршува на 4 февруари 2013 година со стекнување диплома од Меѓународниот центар за напредни медитерански агрономски студии (CIHEAM-France) за завршени магистерски студии со 120 ECTS и стекнат научен назив Магистер по управување со животна средина (достигнување Cum Maxima Laude) со оценка од магистерски труд 8,88.
Aктивно го познава англискиот јазик и поседува Уверение за познавање на англиски јазик, ниво Ц2 според Европската јазична рамка на Советот за Европа (CEFR), издадено од Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Покрај формалното образование, активно учествувал и во бројни национални и меѓународни проекти, семинари, работилници и обуки за унапредување на личните вештини и способности.