проф. д-р Ирена Папазова Анакиева

Редовен професор

email: ipapazova@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Ирена Папазова-Анакиева дипломирала во 1997 год. на Шумарскиот факултет во Скопје, каде и магистрирала во 2002 год., на тема: „Карактеристики на изолати од габата Cryphonectria parasitica (Murr.) Barr во костенови популации во Западна Македонија”. Докторирала во 2007 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Позначајни фитопатогени во објектите за производство на шумски и декоративни растенија во Република Македонија”.

Од 1999 год. е вработена на Шумарскиот факултет во Скопје како помлад асистент на група наставни програми: „Шумарска фитопатологија“; „Болести кај шумски видови дрвја“; „Болести на декоративни растенија“; „Заштита на дрвото“; „Идентификација и производство на печурки“, „Основи на микробиологија“ и „Ботаника“. По магистрирањето во 2002 год. е избрана за асистент, а по докторирањето во 2007 год. за доцент. Во 2012 година е избрана за вонреден професор, а во 2018 година е избрана за редовен професор. Во периодот од 2009 до 2012 год. била продекан на факултетот.

Денес е редовен професор и изведува настава по предметните програми: „Болести на шумски видиви дрвја“, „Основи на микробиологија“, „Заштита на дрвото“, „Шумска микологија со лихенологија“, „Општа и пределна екологија“ и вежби по „Шумарска фитопатологија“ (на прв циклус студии) и „Болести и инсекти во расадничко производство“, „Заштита на дрвото од епиксилни габи“, „Фитофармација со методи на апликација – Фунгициди“, „Методи за дијагностицираење и сузбивање на епиксилни габи во необработено и обработено дрво“ и „Карантински болести“ (на втор циклус студии).