проф. д-р Иван Блинков

Редовен професор

email: blinkov@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Иван Блинков дипломирал во 1986 год на Шумарскиот факултет во Скопје, а магистрирал во 1995 год. на тема: „Противерозивно уредување на поројната серија Смрдешник”. Докторирал во 1998 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата под наслов: „Влијание на врнежите врз интензитетот на ерозијата во сливот на реката Брегалница до профил „Брана Калиманци”“.

Во 1987 год. е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје, како помлад асистент по областа „Ерозија и уредување на порои“. По магистрирањето во 1995 год. е избран за асистент, а по докторирањето во 1998 година за доцент. Во 2003 година е избран за вонреден професор, а во 2008 за редовен професор.

Денес е редовен професор и изведува настава по предметните програми:  „Геодезија со техничко цртањe“, „Основи на конзервација на вода и почва“, „ Заштита на земјиштето од ерозија“ и „Управување со земјиштето, вода и ризици од природни непогоди“ на прв циклус студии, како и „Планирање, управување и користење на земјиштето“, „Деградација на земјиште, десертификација и заштита од ерозија“, „Управувње со води и ризици од природни непогоди“, „Хидрологија  и хидрауликка на поројни водотеци“, на втор циклус студии.