проф. д-р Јане Ацевски

Редовен професор

email: jacevski@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Јане Ацевски дипломирал во 1990 год. на Шумарскиот факултет во Скопје, а магистрирал во 1996 год. на тема: „Дендрофлористички карактеристики на северните падини на Караџица“. Докторирал во 2000 год. на Шумарскиот факултет во Скопје на тема со наслов: „Дендрофлористички карактеристики на планинскиот масив Галичица“.

Во 1992 год. е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје како помлад асистент по предметите: „Дендрологија“ и „Облагородување на шумските видови дрвја“. По магистрирањето во 1996 година е избран во звањето асистент, а по докторирањето во 2000 год. во доцент. Во 2005 год. е избран во вонреден професор, а во 2010 год. за редовен професор.

Денес е раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија и предметен наставник за „Дендрологија“, „Фитоценологија“, „Отровни, лековити и јадливи растенија“ (на прв циклус студии), како и „Дендрологија 2“, „Фитоценологија 2“, „Отровни, лековити и јадливи растенија 2“ и „Типологија на шуми и пасишта“ (на втор циклус студии).