проф. д-р Јасминка Ризовска – Атанасовска

Редовен професор

email: jratanasovska@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Јасминка Ризовска Атанасовска дипломирала на Шумарскиот факултет во Скопје во 1988 год., а магистрирала во 1996 год. на истиот факултет, на тема: „Застапеност на алохтоната декоративна дендрофлора во Скопје и поблиската околина”. Докторирала во 1999 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Алохтоната декоративна дендрофлора во урбаните средини од различни климатско-вегетациски подрачја во Република Македонија”.

Од 1990 год. е вработена на Шумарскииот факултет во Скопје како помлад асистент по предметот „Паркови со заштита на човековата средина“. По магистрирањето во 1996 година е избрана за асистент, а по докторирањето во 1999 година е избрана за доцент. Во 2004 година е избрана за вонреден професор, а во 2009 година за редовен професор.

Денес е редовен професор по предметните програми: „Цветни култури“, „Елементи на пејзажно дизајнирање“, „Историја на парковска уметност“, „Дизајнирање на паркови и зелени површини“ и „Урбано зеленило“ (на прв циклус студии) и „Планирање и проектирање на зелени површини“, „Одбрани поглавја од цвеќарството“, „Парковска архитектура II“, „Историја на парковска уметност II“ и „Урбано шумарство“ (на втор циклус студии).