проф. д-р Кирил Сотировски

Редовен професор

email: kirils@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Кирил Сотировски дипломирал во 1989 год. на Шумарскиот факултет во Скопје, а магистрирал на истиот факултет во 1995 год., на тема: „Биоеколошки карактеристики на габата Pleurotus ostreatus, деструктор на лисјарски видови дрвја”. Докторирал во 2000 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Хиповирулентност, вегетативно-компатибилни групи и размножувачки типови на Cryphonectria parasitica во Република Македонија”.

Од 1990 год. е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје, како помлад асистент по предметот „Шумарска фитопатологија“. По магистрирањето во 1995 год. е избран за асистент, а по докторирањето во 2000 година е избран за доцент. Во 2005 е избран за вонреден професор, а во 2010 година, за редовен професор. Во периодот од 2003 до 2004 год. бил продекан на факултетот. Од крајот на 2016 год. ја извршува функцијата декан на факултетот.

Денес е редовен професор и изведува настава по предметите: „Шумарска фитопатологија“, „Болести на декоративни растенија“ и „Идентификација и производство на печурки“ (на прв циклус студии) и „Основни принципи и методи во науката“, „Основни фитопатолошки методи на истражување“, „Шумарска микробиологија“, „Фитопатологија во хортикултурата“ (на втор циклус студии).