проф. д-р Љупчо Несторовски

Редовен професор

email: nestorovski@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Љупчо Несторовски дипломирал во 1989 год. на Шумарскиот факултет во Скопје, а магистрирал во 1996 год. на истиот факултет, на тема: „Квалитетни својства на дрвото од дива фоја (Juniperus excelsa Bieb.) и можности за негово користење”. Докторирал во 2003 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Компаративна анализа на енергетската вредност на шумите како обновлив ресурс и можности за нејзино користење во Република Македонија”.

Од 1990 год. е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје како помлад асистент по областа „Проектирање и искористување на шумите“. По магистрирањето во 1996 година е избран за асистент, а по докторирањето во 2003 година за доцент. Во 2009 година е избран за вонреден професор, а во 2014 година за редовен професор. Во периодот од 1999 до 2000 година бил Помошник на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, од 2000 до 2001 година бил директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, а од 2001 до 2002 година бил директор на Ј.П. „Македонски шуми”- Скопје.

Денес е редовен професор и изведува настава по предметните програми: „Механизација во шумарството“, „Користење на шумите“, „Биомаса и енергија“ и „Користење на други шумски производи“ (на прв циклус студии) и „Користење на шумите II“, „Користење на биомасата“, „Механизација при користење на шумите“ и „Користење на други шумски производи 2“ (на втор циклус студии).