проф. д-р Македонка Стојановска
Редовен професор
Проф. д-р Македонка Стојановска дипломирала на Шумарскиот факултет во Скопје во 1989 год., а магистрирала на истиот факултет во 1998 год., на тема: „Условите за работа и тежината на работата и нивното влијание врз здравјето и работната способност на работниците во шумарството во Република Македонија”. Докторирала во 2006 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Условите за работа и нивното влијание врз состојбата на работната сила и оптималното вработување во шумарството во Република Македонија”.
Од 1990 год. е вработена на Шумарскиот факултет во Скопје како помлад асистент по предметот „Организација на шумското производство“. По магистрирањето во 2002 година е избрана за асистент, а по докторирањето во 2006 година за доцент. Во 2011 година е избрана за вонреден професор, а во 2016 година е избрана за редовен професор. Од почетокот на 2017 година е на функцијата продекан на факултетот.
Денес, како редовен професор изведува настава по предметните програми: „Менаџмент на претпријатија“, „Економика на претпријатија“, „Шумско-еколошка политика“, „Ергономија“, „Маркетинг и цени“, „Управување со заштитени подрачја“ и „Рекреатвно-туристички аспекти на зеленилото“ (на прв циклус студии) и „Економика на животната средина“, „Пазар и трговија со шумски производи“, „Шумско-еколошка политика“, „Управување со претпријатија“, „Иновации и претприемаштво во шумарството и животната средина“ (на втор циклус студии).