проф. д-р Николчо Велковски
Редовен професор
Проф. д-р Николчо Велковски дипломирал во 1996 год на Шумарскиот факултет во Скопје, каде и магистрирал во 1999 год., на тема: „Структура и производност на чистите букови насади на Малешевските планини”. Докторирал во 2007 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Биоеколошка карактеристика и природно обновување на буковите шуми на Малешевските планини”. Во периодот од 1996 до 2006 год. бил вработен во Ј.П. „Македонски шуми”-Скопје, ПШС „Равна Река” – Пехчево, како шумарски инженер.
Од 2006 год. е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје како асистент по група предмети од областа „Одгледување на шумите“. По докторирањето во 2007 година е избран во звањето доцент. Во 2012 година е избран за вонреден професор, а во 2018 година е избран за редовен професор. Во периодот од 2008 до 2016 година ја извршувал функцијата продекан на факултетот.
Денес е редовен професор и изведува настава по предметите „Одгледување на шумите“, „Подигнување и нега на зелени површини“, „Одгледување на шуми со посебна намена“, „Агрошумарството во руралниот развој“ и „Вовед во шумарството“ (на прв циклус студии) и „Одгледување на шумите 2“, „Техники на одгледување и обновување на шуми со посебна намена„, „Агрошумарски одгледувачки практики“, „Тревници“ и „Подигнување на зелени површини 2“ (на втор циклус студии).