проф. д-р Стерја Начески

Редовен професор

email: snaceski@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Стерја Начески дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 1983 год., а магистрирал во 1992 год. на тема: „Дабовиот свиткувач (Tortrix viridana L.) и позначајни видови паразити во регулацијата на неговите популации во дабовите шуми во Република Македонија”. Докторирал во 1998 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Проучување на односите помеѓу паразитите и хиперпаразитите на дабовите свиткувачи (Tortricidae, Lepidoptera) во Република Македонија”.

Во 1986 год. е вработен како помлад асистент по предметот „Шумарска ентомологија“. Во 1992 година е избран за асистент, а во 1999 год. за доцент. Во 2003 година бил избран за вонреден професор, а во 2009 година за редовен професор. Во периодот од 2004 до 2008 год. ја извршувал функцијата продекан на факултетот. Од 2007 год. е раководител на ИДП-службата во шумарството во Република Македонија.

Денес е редовен професор и изведува настава по задолжителните предметни програми „Шумарска ентомологија“, „Шумска инвертебрата“, „Штетници на шумски видови дрвја“, „Штетници на декоративни растенија“ и „Заштита на дрвото“ (на прв циклус студии), како и „Заштита на дрвото од ксилофагни инсекти“, „Шумарска ентомологија 2“, „Хортикултурна ентомологија“, „Болести и инсекти во расадничко производство“, „Фитофармација со методи на апликација“, „Екологија на инсекти“ и „Екологија“ (на втор циклус студии).