проф. д-р Владимир Малетиќ
Редовен професор
Проф. д-р Владимир Малетиќ дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 1983 год., а магистрирал во 1989 год. на тема: „Развој и загуби кај фазанските пилиња во првите 20 дена од адаптацијата”. Докторирал во 1995 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Некои биоеколошки и морфометриски карактеристики на полската еребица (Perdix perdix L.) на подрачјето на Македонија”.
Од 1986 год. е вработен како помлад асистент по предметот „Ловство“. Во 1989 год. е избран за асистент, а по докторирањето, во 1996 год. е избран за доцент. Од 2001 год. е избран за вонреден професор, а од 2006 година за редовен професор.
Денес е редовен професор и изведува настава по предметите: „Зоологија и систематика на дивечот“, „Ловство“, „Применета зооекологија“ и „Одгледување и заштита на дивата фауна“ (на прв циклус студии), како и „Биоекологија, одгледување и заштита на дивечот“, „Ловно стопанисување“, „Ловна кинологија, етика, традиција и обичаи“ (на втор циклус студии).