ас. м-р Владимир Стојановски

Асистент

email: vladimirstojanovski@sf.ukim.edu.mk

Роден е 1979 година во Скопје. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 2006 год. на насоката „Шумарство“. Во 2009 година на Универзитетот во Белград, Шумарски Факултет Белград, јавно ја одбранил магистерската работа под наслов: „Анализа на сегашните и можните извори на финансирање заштитени подрачја: студија на случај Национален парк Маврово“ и се стекнал со звањето магистер по шумарска политика и економика. Во моментов е запишан на докторски студии на Универзитетот за природни ресурси и применети науки БОКУ во Виена, Австрија.

По дипломирањето работел во неколку претпријатија како шумарски инженер во областа на ловството и искористувањето на шумите. Паралелно, како стручен соработник, учествувал во повеќе научно-истражувачки проекти раководени од факултетот, други невладини организации од областа на шумарството, екологијата и руралниот развој како и меѓународни проекти од Универзитетот за природни ресурси и применети науки БОКУ -Виена. Покажува особен интерес за проучување на шумарската политика и економика како и новите трендови поврзани со менаџирањето на претпијатијата (јавни претпријатија, мали-средни претпријатија од областа на шумарството, екологијата и руралниот развој).

На катедрата за „Економија и Организација во Шумарството“ е вработен во 2020 година, како асистент на предметите „Менаџмент на претпријатија“ и „Економика на претпријатија. Одговорен е за изведување на вежби по предметите „Маркетинг и цени“, „Шумско-еколошка политика“, „Ергономија“, „ Рекреациско-туристички аспекти на шумите и зелените површини“ и „Управување со зашитени подрачја“.

Области на негов научно-истражувачки интерес се процесите на креирање, донесување и имплементирање на политките од областа на шумарството, ЕУ регулатива, изучување на иновативниот систем во шумарството, менаџирањето на претпријатијата, претпримеништвото, шумарската економика дополнета со новите трендови како што се  циркуларна економија и био-економија.