проф. д-р Здравко Трајанов

Редовен професор

email: ztrajanov@sf.ukim.edu.mk

Проф. д-р Здравко Трајанов дипломирал во 1997 год. на Шумарскиот факултет во Скопје, каде и магистрирал во 2003 год., на темата: „Производност и продуктивност на вештачки подигнатите насади од црн бор на планината Плачковица”. Докторирал во 2008 год. на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Модели на оптимални решенија на шумскиот транспорт во зависност од видот на сечата“.

Во периодот од 1999 до 2001 година, работел во Ј.П. „Македонски шуми”- Скопје, во секторот за уредување на шуми, а од 2001 година е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје како помлад асистент на предметите: „Шумски комуникации и транспорт“ и „Градежништво со техничка механика“. По магистрирањето, во 2003 е избран во звањето асистент, по докторирањето во 2008 година за доцент, а во годините кои следуваат и за вонреден и редовен професор. Во периодот 2011-2013 год. бил продекан на факултетот.

Денес е редовен професор и изведува настава по предметните програми: „Шумски транспорт“, „Вовед во шумско градежништво“, „Парковски инфраструктурни објекти“, „Влијание на активностите врз животната средина“ и „Отворање на шумите“ (на прв циклус студии) и „Механизација при транспорт на дрво“, „Техничка механика“, „Шумски транспортни средства“, „Објекти на шумски транспортни средства“, „Отворање на шумите 2“ и Основи на инженерството“ (на втор циклус студии).