КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА ПЕЈЗАЖНО ДИЗАЈНИРАЊЕ

А

КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА ПЕЈЗАЖНО ДИЗАЈНИРАЊЕ

РЕЗУЛТАТИ

28 септември 2023 г.

Добитници на Конкурсот за изработка на проект за пејзажно дизајнирање на јавен простор во Општина Бутел, објавен на 21 јуни 2023 година од страна на Здружението на граѓани ИНТЕРКУЛТУРА, во соработка со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се:

Прво место: МАРИЈА МЕНОСКА
Второ место: АНАСТАСИЈА МИЛОШОСКА
Трето место: ДАВОР ПЕТРОВСКИ

Изборот на најдобрите проекти беше направен после презентацијата и исцрпната дискусија помеѓу учесниците и комисијата реализирани на 12 септември 2023 година, според барањата од конкурсот и следните критериуми:
– Професионален проект за пејзажно дизајнирање (во размер, со можност за доставување на работен 2Д приказ за реализација на терен и соодветна легенда со наведена бројност на растенијата, парковските елементи и големина на различните површини);
– Проектот да содржи доволен број различни содржини кои ќе ги задоволат барањата на целните групи кои беа дефинирани за време рекогносцирањето на теренот, реализирано непосредно по објавувањето на конкурсот);
– Соодветен избор на растителни видови (со уважување на критериумите за експозиција, еколошки и биолошки услови, декоративност, отпорност);
– Професионална и лесно разбирлива презентација на проектот.

Добитниците на трите најдобри проекти ќе бидат дополнително информирани за доделување на предвидените парични награди во вредност од 300 евра за прво наградениот, 200 евра за второ наградениот и 100 евра за трето наградениот проект.

Со почит
проф. Сотировски
декан

 


 

А

КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА ПЕЈЗАЖНО ДИЗАЈНИРАЊЕ

А

Драги студенти,

Здружението на граѓани ИНТЕРКУЛТУРА во соработка со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, објавува КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ЗА ПЕЈЗАЖНО ДИЗАЈНИРАЊЕ на јавен зелен простор, со површина од околу 500 m², која се наоѓа во Општина Бутел. Целта е со проектот да се добие идеја за реализација на локален парк, кој ќе ги задоволи потребите на жителите кои живеат во околината.

На конкурсот може да учествуваат студентите од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, запишани на додипломски и последипломски студии. Секој студент може да учествува само со едно идејно решение.

За трите најдобри проекти се предвидени парични награди во вредност од 300 евра за првонаградениот, 200 за второнаградениот и 100 евра за третонаградениот проект.

Конкурсот е отворен за пријавување од денес па сè до 30 јуни, а изработените проекти треба да бидат предадени најдоцна до 31 август, 2023 година.

Пријавување кај ас. м-р Викторија Брндевска Стипановиќ или на е-маил: vbstipanovic@sf.ukim.edu.mk

Се молат заинтересираните студенти да го запазат рокот на пријавување, бидејќи непосредно после тоа ќе биде организирана заедничка посета на конкретната локацијата, заради мерење на површината, анализа на моменталната состојба на просторот и појаснување на условите и правилата за изработка на проектите.