Инфо ден – Гаранција за млади

Почитувани,

а
Со големо задоволство ги покануваме сите студенти на Инфо ден за Гаранција за млади, на 17 јуни, 2022 г. (петок), со почеток од 10:00 часот, во просториите на МладиХаб.
На Инфо денот ќе бидат присутни теренски работници кои на лице место ќе им ги одговарат сите прашања и дилеми на студентите околу Младинската гаранција и мерките што стојат на распогање од Агенцијата за вработување на РСМ.
а

Што нуди Гаранцијата за млади?

  • Повеќе информации за можностите за вработување
  • Полесно вклучување на пазарот на трудот
  • Поддршка за основање на сопствен бизнис со неповратни средства
  • Шанса за вработување со субвенционирани плати
  • Можност за практиканство
  • Шанса за унапредување на дигитални вештини
  • Можност за посета на обуки за доквалификација и преквалификација
а
Студентите можат да се пријават за учество на Инфо денот за Гаранција за млади преку пополнување на следниот формулар. Исто така, го споделуваме и настанот на фејсбук заради навремено информирање на студентите за овој настан.
а
Со почит,
Национален младински совет на Македонија