Јавен конкурс за млади луѓе на тема „Безбедност, солидарност и соработка“

a

a

Почитувани,
a
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет, распишува конкурс на тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката за млади од 15 до 29 години. Прашањето на која младите треба да одговорат на креативен начин е „Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас? Можете да одговорите на прашањето со тоа што ќе ни кажете кои теми ви се поважни како млад човек и што најмногу ве засега или ве интересира кога станува збор за безбедноста, солидарноста и соработката, а воедно можете да се изразите на различни креативни начини, вклучително но не ограничено на:
a
–        Видео содржина (YouTube видео, TikTok, Reels, Podcasts…)
–        Креативна графичка содржина (дизајн, стрип, илустрација…)
–        Фотографија
–        Сликарство или цртање
–        Есеј
a
Конкурсот е отворен од 12 октомври до 15 ноември 2022 година.

a
Креативната содржина треба да се достави преку е-пошта на nusret.iseini@osce.org и marija.baseska@nms.org.mk вклучувајќи име, презиме, датум на раѓање, телефонски број, е-маил адреса и градот од каде што доаѓате  со наслов: ЈАВЕН КОНКУРС НА ТЕМА БЕЗБЕДНОСТ, СОЛИДАРНОСТ И СОРАБОТКА. Можете да ги прикачите вашите креативни содржини на услугата за споделување датотеки (WeTransfer, Dropbox, Google Drive…) и испратете ни ја линкот во вашиот маил. Ве молиме чувајте ја вашата оригинална работа.

a
За сите дополнителни информации, можете да го контактирате Нусрет Исеини, програмски асистент, на nusret.iseini@osce.org или на телефонскиот број 070/359-062; и Марија Башеска, програмска асистентка, на marija.baseska@nms.org.mk или на телефонски број 076/708-990 од Националниот младински совет.
a
Срдечен поздрав,
Марија Башеска