Обуки, курсеви и специјализации

13.5.2026 год.: Практична обука на професионални лица од ЈУНП „Маврово“ за користење на моторна пила и тример при работа

На 13.05.2026 година, во просториите и околината на Националниот парк „Маврово“, успешно се одржа интензивна еднодневна обука за ракувачи со моторна пила и моторна косачка  – тример на која учествуваа околу десетина вработени во Националниот парк.

Главната цел на оваа активност беше оспособување на работниците за правилно и безбедно користење на опремата при работа во шума со моторна пила и тример, одржување на критичната инфраструктура, шумските патишта, како и тековно одржување на кругот на Националниот парк и помошните објекти.

Обуката беше организирана како дел од стратешките заложби на компанијата за усогласување со меѓународните стандарди ISO 14001/2015 за заштита на животната средина, ISO 45001/2015 стандардот за безбедност и заштита при работа, и ISO 9001/2015 стандард за квалитет. Заложбата беше дека само со стручно обучен кадар може да се гарантира максимална заштита при работа и грижа за природата. Едукативниот процес го водеше проф. Д-р. Љупчо Несторовски од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг “Ханс Ем“ , при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, како најреномирана научна институција од овој вид во државата.

Низ теоретски и практичен дел, на вработените детално и практично им беа прикажани техниките за ракување со алатките, а по завршување на програмата, на сите учесници им беа доделени соодветни сертификати. Со овој чекор, Јавната установа НП „Маврово“ уште еднаш ја потврди својата посветеност кон континуирана инвестиција во професионалниот развој и безбедноста на своите вработени.

8.5.2026 год.: Практична обука на професионални лица од АД ЕСМ за користење на моторна пила и тример при работа

На 08.05.2026 година, во просториите и околината на хидроцентралата „Шпилје“ во Дебар, успешно одржа интензивна еднодневна обука за ракувачи со моторна пила и моторна косачка  – тример на која учествуваа околу педесетина вработени од сите подружници на АД ЕСМ.

Главната цел на оваа активност беше оспособување на работниците за правилно и безбедно користење на опремата при одржување на критичната инфраструктура, пристапните патишта, како и тековно одржување на кругот на хидроелектраните, термоелектраните, ветерниот парк Богданци и помошните објекти.

Обуката беше организирана како дел од стратешките заложби на компанијата за усогласување со меѓународните стандарди ISO 14001 за животна средина и ISO 45001 за безбедност и здравје при работа, водени од уверувањето дека само со стручно обучен кадар може да се гарантира максимална заштита при работа и грижа за природата. Едукативниот процес го водеа експерти од Шумарскиот факултет „Ханс Ем“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, како најреномирана научна институција од овој вид во државата.

Низ теоретски и практичен дел, проф. Д-р. Љупчо Несторовски на вработените детално им ги прикажа техниките за ракување со алатките, а по завршување на програмата, на сите учесници им беа доделени соодветни сертификати. Со овој чекор, АД ЕСМ уште еднаш ја потврди својата посветеност кон континуирана инвестиција во професионалниот развој и безбедноста на своите вработени.