Озеленување и унапредување на животната средина
Студиската програма Озеленување и унапредување на животната средина на втор циклус студии на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ ги вклучува најважните аспекти на озеленувањето т.е планирањето, подигнувањето, негата, заштитата и управувањето со зелените површини, како и најважните аспекти поврзани со животната средина следејќи ги современите трендови и новите инженерски пристапи и технологии во заштитата на природата и животната средина пред се во заштитата на почвата и водата, оптималното користење на просторните ресурси, како и менаџментот со заштитените подачја (од разни аспекти: заштита на природата, заштита на водните екосистеми итн.) кои налагаат создавање соодветен кадар кој ќе подговори на овие предизвици. Новите трендови, директиви на ЕУ како и технички сознанија од областа доведуваат и ја наметнуваат потребата истите да се вклопат и во наставните програми од втор циклус.
Студиската програма Озеленување и унапредување на животната средина на студентите им овозможува продлабочување на нивните знаења и вештини со цел да се образуваат согласно со нивните афинитети и актуелните потреби на стопанството и другите општествени институции. Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од институциите и стопанството, и кои ќе внесат новини и креативност во реализацијата на практичните проблеми, како и унапредување и подобрување на квалитетот и капацитетот на институциите и стопанските субјекти кои функционираат во полето на животната средина.
Истовремено, магистрите од оваа студиска програма ќе може да бидат вклучени и во јавната администрација чии што функции се поврзани со полето на животната средина, во образованието и науката, но и во консултантски, проектантски и производни компании кои што се занимаваат со решавање на проблеми од полето на животната средина.