Повик за волонтер | Европски Солидарен Корпус

Волонтерски Центар Скопје е невладина организација формирана во 2006 година од страна на поранешни ЕВС волонтери. Нашите главни активности вклучуваат промоција на волонтерството, неформалното образование, активно граѓанство и имплементација на законот за волонтеризам и законот за млади. Главната цел на Волонтерски Центар Скопје е поврзување и развој на младите луѓе на еднакви основи, без оглед на нивниот национален, религиски, политички и економски статус преку разни методи на неформално учење.

Една од нашите активности е и испраќање и примање волонтери во и од Европа во рамките на програмата „Европски Солидарен Корпус“.

За таа цел, бараме волонтер (18-30 години) кој е силно заинтересиран за одржлив развој и градинарство за да учествува на долгорочниот проект (од 6 до 12 месеци) под наслов: “KulturHaus & Sustainability Volunteer” во Бремен, Германија. Сите трошоци ќе бидат покриени.

Сите информации за проектот можете да ги најдете на нашата веб-страница: https://vcs.org.mk/mk/call-for-volunteer-in-germany/

Исто така, и на нашите социјални медиуми:

Facebook

Instagram

Twitter

a

Со почит,

Теамот на ВЦС