Пријавување испити во јануарско-февруарска испитна сесија, 2022 година

 

СООПШТЕНИЕ
За пријавувањето испити во прва редовна испитна сесија (јануарско-февруарска), 2022 година

***

Испит може да пријави студент кој има запишано зимски семестар од академската 2021/2022 година.
1. Електронското пријавување на испити (преку iKnow-системот) ќе се врши од 10.1.2022 година до 14.1.2022 година.
2. После овој рок, за пријавување испит ќе се плаќа казна од 300 денари за секој предмет.
3. Пријавувањето испит по втор и повеќе пати ќе се врши со казна од 300 денари.

Напомена:

Доколку пријавите за испит не се уредно пополнети, нема да бидат примени од предметните професори или службата за студентски прашања при УКИМ – Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје.

Повеќе информации може да најдете на овој линк.